Екипата за планинско спасување на Цивилната гарда интервенираше по лавина што изненади група од шест скијачи, објави Ел Паис.
Извори од Цивилната гарда потврдија дека двајца мажи и една жена загинале, додека друга жена се здоби со полесни повреди.
Лавината се случила во областа на спа-центарот Пантикоса (Шпанија), популарна дестинација за крос-кантри скијање.
Откако доби повик за помош, Цивилната гарда ја активираше Групата за планинско спасување и интервенција (GREIM), воздухопловна единица и тим лекари.
Претседателот на регионалната влада на Арагон, Хорхе Ацкон, на својот профил на социјалните мрежи објави дека е „шокиран“ од оваа несреќа и најави дека ги откажува планираните активности за да оди на местото на несреќата.
Тројцата лица кои загинаа беа од Баскија, како и другите членови на нивната планинарска група.