183
Територијата на Македонија во текот на целата наредна седмица ќе се наоѓа под влијание на висок воздушен притисок и на релативно топла воздушна маса од југ која ќе предизвика невообичаено високи температури за месец декември, кои ќе бидат повисоки од нормалните.
Во Македонија во текот на следната седмица температурите ќе се искачат до близу 20 степени.
По котлините ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, која во дел од котлините ќе биде густа и ќе се задржи во текот на целиот ден.