35
Топло време се најавува и за денеска претпладне, а попладне наместа ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 36 степени.
Во Скопје, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а минималната температура ќе се спушти до 21, додека максималната ќе достигне до 36 степени.
За новата работна недела се најавува сончево и топло време со слаба локална нестабилност во попладневните часови.