Дел од критичарите со свој став по повод прославата за 35 години независност на Македонија која се одвива под мотото „Силно светнал ден“ со манифестации во неколку градови низ земјата и завршна програма во Скопје.
Според екс-функционерот и поранешен претседател на НСДП, Тито Петковски, „журките“, како што ги нарекува, вели дека „би било добро да завршат со еден грандиозен марш низ Триумфалната капија“.
-Потоа да се качат на првата тераса, за подобро да ги видат огромните успеси на “Гоцевата раса” постигнати во изминатите 35 година откако сама ја води, организира и развива нашата држава! Многу е важно исто така, да се качат и на една тераса „уште погоре“, за да видат до каде е “наше и Солунското поле”. Нели пред некоја година грмеа на Плоштадот дека, “наше ќе биде и Солунско поле”. За грчките плажи знаеме дека ги освоија, но за Солунското поле сеуште не сме информирани, а толку години поминаа, стои меѓу другото, во објавата на Петковски.
Вчерашната прослава во Скопје беше завршница на националниот караван „Силно светнал ден“, кој на 9 август започна во Охрид. Во изминатите недели, програмата беше претставена во уште 11 градови низ државата, каде што беа организирани концерти и културно-уметнички настапи. Настапија најголем дел од македонските музички ѕвезди во моментов.