122
МВР информира дека вчера полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 15-годишник од с. Желино, постапувајќи по пријава истиот ден во 16:40 часот од Клиничка болница Тетово дека кај нив биле донесени А.К.(19) и М.А.(18) со повреди од остар предмет.
По преземени мерки, утврдено е дека тие пред средно училиште во Тетово биле нападнати со остар предмет од 15-годишникот, кој исто така се здобил со повреди.
Извршен е увид на местото на настанот и при тоа пронајдени се нож и шрафцигер, Известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.