- Tимот Peugeot TotalEnergies успеа да освои бодови со двата болида PEUGEOT 9X8 на последната трка од сезоната на FIA WEC, одржана во Монца.
- Болидот #94 PEUGEOT 9X8, управуван од Loïc Duval, Théo Pourchaire и Malthe Jakobsen, го освои четвртото место.
- Откако во поголемиот дел од трката се бореа за пласман меѓу првите пет, Nick Cassidy, Paul Di Resta и Alex Quinn завршија на осмото место со болидот #93 PEUGEOT 9X8Tимот Peugeot TotalEnergies успешно ја заокружи сезоната 2026 на Светскиот шампионат во трки на издржливост (FIA WEC), со одлична трка на неделната трка на патеката „Autodromo Nazionale di Monza“. По шест часа тркање, францускиот производител го оствари својот најдобар резултат оваа година, со освоени бодови за двата Hypercar болида PEUGEOT 9X8, вклучително и одличното четврто место.Со својата брза конфигурација и неодамна обновената асфалтна подлога, патеката позната како „Храм на брзината“ се чинеше дека особено му одговара на PEUGEOT 9X8. Почетните сесии го потврдија тоа, како на влажна патека за време на слободните тренинзи, така и во суви услови за време на Hyperpole. Со освоените петто и деветто место на стартната линија, тимот Peugeot TotalEnergies влезе во последната трка од сезоната со високи амбиции.
И покрај ограничените можности за возење подолги возачки сесии со мазни (slick) гуми, двата француски Hypercar болиди сепак брзо се пробија меѓу првите десет и останаа таму во текот на целата трка, која беше обележана со неколку периоди на неутрализација.

На половина од трката, двата болида PEUGEOT 9X8 се наоѓаа меѓу првите пет. По интензивна борба во завршните кругови, #94 PEUGEOT 9X8 ја мина целната линија на петтото место, но по изрекувањето казни на други конкуренти по завршување на трката да биде класифициран на четвртата позиција. #93 PEUGEOT 9X8 го заокружи одличниот вкупен резултат со освојување на осмото место. Сепак, казната од 10 секунди го спречи тимот да оствари уште подобар пласман.
На тој начин, тимот Peugeot TotalEnergies успешно ја завршува сезоната 2026 во FIA WEC, со освоени бодови за двата болида PEUGEOT 9X8 и четвртото место на трката во Монца. Целиот тим сега е целосно насочен кон новиот предизвик и кон што поефикасна подготовка за сезоната 2027.
Emmanuel Esnault, Шеф на тимот – Тимот Peugeot TotalEnergies
„Монца понуди навистина возбудлива трка за навивачите. Од наша страна, задоволни сме што имавме добро темпо и што се боревме за пласман меѓу првите пет според покажаното на патеката. Нашата цел беше двата болида да се пласираат во Hyperpole и барем еден од нив да заврши меѓу првите пет, а тоа и го остваривме. Ова е одлична награда за целиот тим, кој не се откажа ниту во еден момент, и покрај тешката сезона. Сепак, жалам за казната што му беше доделена на болидот #93. За неа бевме известени три круга пред нашето влегување во боксот и веднаш ја „отслуживме казната“, за дури потоа да откриеме дека била доделена на погрешниот болид. За жал, тогаш веќе беше предоцна да ја оспориме одлуката. Сега гледаме напред и целосно ќе се посветиме на подготовките за сезоната 2027.“
Nick Cassidy (PEUGEOT 9X8 #93)
„За мене, тоа беше релативно мирен период зад управувачот. Болидот беше навистина добар денес, но за жал, казната нè спречи да завршиме на подобра позиција од осмото место. Пред тоа, навистина бевме во борба за повисок пласман. Paul заврши одлична работа на стартот, а Alex одлично ја заврши трката. Искрено, мислам дека заслуживме повеќе, но тоа е тркањето. Сепак, целиот тим може да биде горд на оваа последна трка. Со двата болида се пласиравме во Hyperpole, а потоа успеавме да освоиме бодови со двата болида. Ова беше одличен начин да ја завршиме сезоната, а сега со нетрпение ја очекувам 2027 година!“
Paul Di Resta (PEUGEOT 9X8 #93)
„Иако освоивме бодови, конечниот резултат е разочарувачки ако се земе предвид дека по три часа тркање, според покажаното на патеката, бевме на четвртата позиција. Сепак, мора да гледаме напред. Пред нас е напорна зима во текот на која ќе работиме на подготовката на EVO верзијата на нашиот болид. Сите ќе вложиме огромен труд за да му помогнеме на PEUGEOT да се врати на самиот врв на светските трки на издржливост. Од утре, целиот наш фокус ќе биде насочен кон 2027 година!“
Alex Quinn (PEUGEOT 9X8 #93)
„Беше одлично што имав можност да стекнам дополнително искуство зад управувачот на PEUGEOT 9X8 и да се подготвам за следната година. Навистина уживав во денешното возење на болидот. Работите не се одвиваа секогаш според нашите очекувања, но темпото и потенцијалот беа очигледни, и тоа многу ме радува. Морам да кажам дека возењето на моите први тркачки кругови тука на сува патека беше предизвик, но воедно и навистина возбудливо искуство, за кое сметам дека добро се справив. Сега со нетрпение очекувам максимално да го искористам целото стекнато искуство во сезоната 2027.“
Loïc Duval (PEUGEOT 9X8 #94)
„Навистина бевме во игра овој викенд и се боревме со најдобрите, што секако многу нè радува. Во еден момент дури можевме да се надеваме и на нешто повеќе… Разликите беа многу мали, но конечниот резултат ги одразува перформансите што ги покажавме овој викенд. Очекувавме оваа патека да ни одговара малку повеќе, особено затоа што нејзината површина беше повторно асфалтирана. Одлично е што ја завршуваме сезоната на ваков начин. Пред нас има уште многу работа, но убеден сум дека овој одличен резултат ќе донесе дополнителна мотивација во тимот додека се подготвуваме за 2027 година.“
Malthe Jakobsen (PEUGEOT 9X8 #94)
„Многу сум среќен што успеав на ваков начин да го заокружам моето поглавје со тимот Peugeot TotalEnergies. Почувствував силни емоции кога се вратив во боксот и ги видов сите тие дански знамиња. Тоа беше навистина посебен момент! Никогаш нема да можам доволно да му се заблагодарам на целиот тим за прекрасните четири години што ги поминав со нив. Многу сум среќен што ја завршувам сезоната со ова четврто место. Борбата со Alex Lynn на самиот крај од трката беше многу интензивна, но јас секогаш ја држев својата линија, така што станува збор за инцидент во текот на тркањето. Во секој случај, времето поминато со тимот Peugeot TotalEnergies и оваа последна трка ќе ги паметам до крајот на животот. Ви благодарам на сите!“
Théo Pourchaire (PEUGEOT 9X8 #94)
„Мојата прва сезона во FIA WEC заврши во Монца со одлично четврто место, што воедно беше и нашиот најдобар резултат оваа година. Во текот на 2026 година имавме и добри и тешки моменти, но сакам да му се заблагодарам на целиот тим и на моите тимски колеги за сè што споделивме заедно. Дадовме сè од себе од почетокот до крај, а јас научив навистина многу. Со нетрпение очекувам да видам што носи иднината.“