1,1K
Американската алпска скијачка Линдзи Вон доживеа тежок пад на почетокот на своето возење на денешната трка во спуст на Олимписките игри во Кортина.
Вон по страшниот пад остана да лежи на патеката и да чека помош од медицинскиот тим.
Снимката покажа дека левата нога на Вон се извиткала неприродно по падот.
Американката дојде на Олимпијадата со повреди.
Таа падна за време на натпреварувањето од Светскиот куп во Кран-Монтана (Швајцарија) на 31 јануари.
За состојбата на Вон се чекаат официјални информации од организаторите на Олимпијадата во Италија.