Тетовец во Скопје ноќеска прегази велосипедист од Турција

by irena 14:45
14:45

МВР информира дека рано утринава околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Владимир Полежиноски“ и ул. „Костурски Херои“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Р.(25) од Тетово и велосипед управуван од Е.Ч.(19) од Турција, со привремен престој во Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични вести