Тетовец прободен со нож поради расправија во сообраќај

by irena 14:35
14:35

МВР информира дека синоќа во 21:35 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.М.(31) од Тетово.

Според пријавеното, околу 20:00 часот на ул. „Андреа Јовановски Журчин“ во Тетово, по претходна расправија околу сообраќајот, тој со нож му нанел повреда на Б.Д.(36) од Тетово.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Слични вести