Тетовец го запалил автомобилот на поранешната девојка

by irena 13:53
13:53

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.С. од село Волковија, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“, „одземање моторно возило“ и „предизвикување општа опасност“.

– На 04.12.2025 и 05.12.2025 во с.Брвеница, пријавениот од домот на неговата поранешна девојка одзел клучеви од возило и во с. Брвеница го опожарил возилото. Потоа, исто така во село Брвеница, одзел патничко возило на друго лице и заминал кон с.Волковија, информираа од полицијата во дневниот билтен.

Слични вести