Тешко повредено е шестгодишно дете кое возело електричен тротинет

by irena 13:18
13:18

Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека во пелагониското село Добрушево се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Х.Т.(30) и електричен тротинет, управуван од шестгодишно дете, двајцата од селото Добрушево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во ЈЗУ Клиничка болница Битола.

Полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Х.Т., затоа што при извршен увид е констатирано дека мотоциклот бил нерегистриран и го управувал без возачка дозвола.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, потврдија од СВР Битола.

Слични вести