Повредени се двајца пешаци, во Куманово и Битола, информираа утрово од Министерството за внатрешни работи.
Вчера околу 19:25 часот било пријавено дека на улицата „Народна револуција“ во Куманово, патничко возило „даеву тико“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј., на возраст од 23 години од овој град, удрило во С.К., 67-годишна сограѓанка.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила 67-годишната С.К., констатирани во Општа болница – Куманово.
Во 17:48 часот пак, пријавено било дека на улицата „Смилевски конгрес“ во Битола, мотоцикл удрил во пешакот С.Д., 76-годишна битолчанка и го напуштил местото на настанот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила 76-годишната С.Д., констатирани во болницата во Битола.
Извршени биле увиди од увидни екипи.