Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка со автомобил во Скопје

by irena 14:32
14:32

МВР информира дека вчера попладне околу 12:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Беласица“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(60) од с. Палатица, тетовско и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.А.(41) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични вести