Тешко повреден е 11 годишник во Штип – со велосипедот удрил во дрво

by irena 15:38
15:38

Дете од Штип (11) се здобило со тешки телесни повреди, откако изгубило контрола на својот велосипед и удрило во дрво, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Штип.

Во соопштението се наведува дека вчера во 12.10 часот во СВР Штип од Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди било донесено 11-годишно момче од Штип.

Според пријавеното, малолетникот управувајќи велосипед, во близина на место викано „Сончев град“ изгубил контрола и удрил во дрво.

Малолетникот е хоспитализиран во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

За настанот бил известен Јавен обвинител и извршен е увид.

Слични вести