Тешка несреќа се случи вечерва на булеварот „Партизански одреди“, недалеку од трговскиот центар „Сити Мол“ во Карпош 3. Поради несоодветна брзина, возило марка „Ауди“ заврши во жардиниерите, откако претходно удри во дрвата.
Брзата помош веднаш пристигна на местото, но засега нема информации во каква состојба се повредените.
Полицијата е на терен и врши увид, додека многу граѓани се собрани и гледаат во неверување.
„Вакво нешто тука не е видено, ќе не испотепаат пред наша зграда“, велат граѓани за „Локално“, кои се нашле во непосредна близина.
,,Постојано тука возат со ненормални брзини, и мотори и коли, но нема полиција да реагира”, вели друга граѓанка која живее блиску несреќата.
Неофицијално, ова се случило поради улична трка. Автомобилот марка Ауди во моментот на несреќата возел со над 150 км/ч според очевидците.
фото: Локално.мк