114
Полициски службеници од СВР Куманово во текот на ноќта на 5 јули привеле 36-годишна жена од Скопје, осомничена за физички напад во угостителски објект во селото Зебрњак, кумановско.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, приведувањето било извршено околу 00:30 часот, откако И.Т. (36) од Скопје физички ја нападнала В.Т. (46) од Куманово.
„На 05.07.2026 во 00:30 часот полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода И.Т. (36) од Скопје, затоа што во угостителски објект во село Зебрњак, кумановско, физички ја нападнала В.Т. (46) од Куманово“, соопштија од СВР Куманово.
Осомничената била задржана во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.