88-годишен жител на Струшко останал без околу 5.000 евра, откако двајца велешани, кои според иницијалите се татко и син, го сретнале на улица во Струга и лажно му се претставиле, доведувајќи го во заблуда за да им ги даде парите, соопшти МВР без да наведе повеќе детали за измамата.
„ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.С.(67) и Д.С.(43), двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Тие, делото го сториле на 06.08.2026 на ул. „15 Корпус“ во Струга, каде пресретнале 88- годишно лице од струшко село и со намера за себе да прибават противправна имотна корист, го довеле во заблуда и со лажно прикажување го навеле да им донесе пари. На тој начин, пријавените се стекнале со противправна парична корист од околу 300.000 денари“, пишува во полицискиот билтен.