Татко го нападнал малолетниот син, мајката вели дека тоа се случувало и порано

by irena 18:20
18:20

Триесет и петгодишен маж од скопско е пријавен дека физички го нападнал својот малолетен син во семејниот дом на подрачјето на Општина Петровец.

Според МВР, случајот бил пријавен на 31 август во СВР Скопје од 38-годишната мајка на детето. Таа навела дека таткото Д.С., со кого не живеат заедно, физички го нападнал малолетниот син.

Во пријавата било наведено и дека таткото и претходно физички го напаѓал детето, но овие случаи досега не биле пријавени.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Слични вести