Професорката Тамара Јованов реагираше на обвинувањата упатени кон неа од страна на Миле Лефков. Таа преку објава на социјалните мрежи посочи дека Лефков не прави разлика помеѓу предавач (lecturer) и лектор (proofreader) по англиски јазик, алудирајќи дека од страна на ДПМНЕ намерно се шири дезинформација за нејзината работа.
„Пијанициве од дпмне не разликуваат предавач од лектор на англиски, а замисли да им кажеш дека си предавал на работилница пријавен доброволно беспари!?
Не може тоа тој спржен мозок ни да го замисли, а камоли да го разбере дури ни да го види (а слики има – види коментар).
Ако, ако, ред беше да ви прпа и вам – Левица одлично ве работи, а тек је почело.“, пишува во објавата на професорката Тамара Јованов
Тамара Јованов-Апасиева, сопруга на пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, ја фалсификувала својата биографија и лажела за ангажман на настан во Грција за кој зела пари од претходната влада на СДСМ, преку програмата „Еразмус+“, обвини денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
На прес-конференција во партиското седиште, Лефков рече оти таа навела дека на настанот во Грција била во улога на лектор и учесник, но официјалните документи кажуваат дека таа била само учесник, а не и лектор, па оттаму прашува зошто таа имала потреба да лаже во својата биографија и зад своето име да припишува работи кои воопшто не ги правела. Лефков прашува и дали таа намерно се пишала дека е лектор за да земе повеќе финансиски средства или, пак, за неосновано да ја збогати својата биографија.