Полека, смирете се, немам намера да му го земам лебот на Миленко. Јас не заговарам одреди за буквално шутирање на Никола Груевски и распашаната му дружина. Нормално, мислам на политичка шут-карта.
никола младенов
Груевци оперираат со прости поими, разбирливи за петгодишно дете
Кога Груевски најпосле ќе го врати уставното име на државава во меѓународна употреба? Ако заборавил, тоа беше ,двојната формула, на која доби 63 мандати во 2008-та!
Текст на Никола Младенов од архивата на „Фокус“
Власта победи. Но, само според бројот на мандатите. Освоените гласови го тврдат токму спротивното. Опозициските гласови, сите на купче, ги надминуваат оние на Груевци. Кога на нив ќе се додадат и албанските гласови, станува јасно дека мнозинството граѓани е против нив. За жал, тоа му е јасно секому, освен на Пастирот, кој очигледно мисли дека допрва добил мандат за апсолутистичко владеење!!!
За неполни 9 месеци, се изродија барем 12 ,гафови,. Но, Иванов не признава ниту еден.
По повод годишнината од трагичната смрт на основачот на „Фокус“ Никола Младенов, го ставаме он-лајн за слободно симнување вонредниот број што го објавивме тогаш.
Дали Македонија ќе стане нормално општество, зависи и од тоа кога ти друже ќе почнеш да почиваш во мир
by Фокусby ФокусОд фејсбук-профилот на Кире Наумов, пријател на Никола Младенов.
Истрагата отиде – бестрага… Сообраќајната несреќа на Никола Младенов.
Несудениот актер на престижниот фестивал МЕСС во Сараево се закити со „Златен ловоров венец” за најдобро актерско остварување на крајот на 1970-тите.
И, конечно, најопасната лага, дека со било каква додавка во името на државата се губи нашиот национален идентитет.
Не е ОК што ме остави без одговор на прашањето „Што понатаму?“, „Што сега?“. Никола беше тој што требаше да ми даде одговор, а не од мене да го чека… така барем тој ме разгали…
Ако се направи проценка на периодот од 1995 година, кога е основан неделникот, до денес, „Фокус“ е медиум кој е несомнено лидер во категоријата истражувачко новинарство. А во новинарството, најтешкиот и највредниот пристап е истражувачкото новинарство. На неговите страници се отворени многу табу-теми и се објавени истражувачки стории за најболните моменти од македонската транзиција, но и од нејзината историја.
Целиот личен и професионален век му мина во речиси невозможната мисија политички да го образува народецот во Македонија, да му ги отвори очите, „за да дојдеме до посакуваната цел, за да станеме дел од современиот европски свет“, како што ќе напише во „Колку чини слободата?“
Не, Никола не е само голем новинар. Никола Младенов беше борец и лидер во најстрашните битки за освојување на македонската демократија, врвен новинарски учител, но, пред сѐ е новинар кој беше првата ластовичка на политичката пролет во Македонија.
Кога почна да излегува од печат дневниот весник „Фокус“ власта не остана рамнодушна и тоа се чини толку многу ја вознемири што дури и Миленко се зафати со „патриотската“ задача да го „демаскира“ нашиот медиум. На сите негови шпекулации, дезинформации и истрескани глупости на темата, во колумна му одговори Никола Младенов.
17 години смеење, 17 години дружење, 17 години плачење…
Вториот дел од анализата што пред три години ја направи Никола Младенов за тогаш објавените досиеја на високи челници на ДУИ според кои документи можеше да се заклучи дека најрадикалните борци за албанската кауза во Македонија всушност биле соработници на српската тајна служба од ерата на Слободан Милошевиќ.
Дали соработниците на Али Ахмети се големи албански патриоти или се српски шпиони?
by Фокусby ФокусДеновиве со пишувањата во весникот „Ботасот“ повторно се актуелизираа шпекулациите дека високи раководители на ДУИ своевремено биле платени соработници на српската разузнавачка служба. Кога пред три години за прв пат се појавија таквите тврдења, Никола Младенов во „Фокус“ длабински ја анализираше таа тема.
Никола Младенов, непосредно по поразот на СДСМ на изборите во 2011-та, ја анализираше состојбата во најголемата опозициона партија. Неговата тогашна анализа, особено сега кога се во тек сѐ пожестоките превирања во рамките на СДСМ, повторно добива на актуелност.