Свекрва натепа снаа во струмичко – уапсена е

by irena 15:50
15:50

МВР информира дека синоќа во 23:10 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица уапсија 71-годишна жителка на селото.

Од полицијата велат дека 71-годишната жена е уапсена постапувајќи по претходна пријава дека околу 21 часот во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 43-годишна снаа.

„Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица“ – посочија од МВР.

Слични вести