„Support Kocani“ донираше медицинска опрема на Клиниката за пластична хирургија

by irena 15:48
15:48

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ донираше медицинска опрема за третман и рехабилитација на повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани.

Донацијата е формализирана преку договор со Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија.

Донацијата вклучува 100 комплети T-LAB PRP KIT, 10 комплети EXOMINE SMART KIT, 4 пакувања аминокиселини и 4 пакувања протеини.

Вкупната вредност на донацијата изнесува 286.120 денари, а средствата се обезбедени исклучиво преку донации од граѓани и компании кои континуирано ја поддржуваат иницијативата.

Материјалите се наменети за третман и регенерација на кожата, забрзување на зараснувањето на рани, како и подобрување на опоравувањето кај пациентите со тешки изгореници.

Нутритивната поддршка ќе помогне во зајакнување на организмот за време на процесот на рехабилитација.

Слични вести