2
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.А.(46) од струшкото село Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „пустошење шума“; информираа од МВР.
При контрола и координирана акција од ОВР Струга и Шумската полиција, извршена на 16.10.2026 во планински појас над истото село, тој бил затекнат во шума во државна сопственост како со моторна пила врши бесправна сеча на немаркирано буково дрво.
По преземени дополнителни мерки било утврдено дека тој исекол вкупна количина од 175 метри кубни огревно буково дрво, со што на Јавното претпријатие „Национални шуми“ му предизвикал материјална штета од 5.250.000 денари.