Струшкото обвинителство оформи предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески

by vlatko 11:31
11:31

Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет во врска со предметот за уривањето на спомен-куќата на авторот на македонската химна Владо Малески во Струга, информираат денеска од Обвинителството.

„Во врска со предметот за уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет и на 16.10 јавен обвинител изврши увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка. Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои се случил настанот“, стои во соопштението.

При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќа заштитена како културно наследство.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, најави дека по оштетувањето на спомен-куќата на Малески веднаш ќе се започне со изработка на проект за обнова и реставрација на заштитениот објект.

Слични вести