1
Жена (57) од Струмица е во болница, тешко повредена откако во неа удри 79-годишен струмичанец, соопшти МВР.
„На 05.10.2026 во 14:15 часот во СВР Струмица е пријавено дека на крстосница од бул.„Ленинова“, ул.„Цветан Димов“ и ул.„Браќа Миладинови“ во Струмица, патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 79-годишниот Ј.Џ. од Струмица, удрило во 57-годишната С.А. од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.А., констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица“, информираа од полицијата.