„Стојанче ги натепал и ги оставил Ивана и Катја среда ноќ на автопат“ – сведочеше мајката на жената која сама ја реши својата судбина

by irena 13:14
13:14

Љубица Стојановска, мајка на Ивана Јовановска, која беше најдена мртва со својата ќерка по пад од балкон, во своето сведочење на денешното рочиште од судскиот процес против Стојанче Јовановски раскажа случај од минатото лето кога Стојанче, Ивана и нивната ќерка Катја биле на свадба во Штип.

„На враќање, ќерка ми погрешно кажала каде треба да свртат. Почнал да ги навредува и ги избркал од возилото. Надвор почнал да ја удира ќерка ми, а како што ми кажа потоа Катја, ја удрил и неа“, сведочеше меѓу другото Љубица.

Јовановски во таа ситуација ги оставил жена си и ќерка си на патот и си заминал сам кон Скопје.

Тоа било среде ноќ, кажа Стојановска. Ивана побарала помош од свекрвата, но таа рекла оти не може да дојде оти ја болел стомакот. Одбил да ѝ помогне и свекорот.

„На крај му јавиле на Мартин Саздов, тој отишол, ги зел и ги однел кај него дома“, рече мајката на Ивана.

Ивана отишла кај нејзините родители и рекла дека не може да издржи веќе.

„Татко ѝ рече ‘ова е твоја куќа, сине, колку сакаш остани’“ – додаде Љубица.

Најмногу од што се плашела нејзината ќерка било Јовановски да не ѝ ја земе Катја, наведе Стојановска.

Слични вести