Стармер: „Брегзит“ предизвика сериозна штета на британската економија

by irena 21:40
21:40

Британскиот премиер Кир Стармер призна дека „Брегзит“ предизвика значителна штета на британската економија.

„Мораме да се соочиме со реалноста дека договорот за Брегзит предизвика значителна штета на нашата економија и затоа, за да се опоравиме, мора да продолжиме да ги решаваме нашите разлики. Мора да продолжиме да се движиме кон поблиски односи со ЕУ и мора да бидеме подготвени да прифатиме дека ова ќе бара компромис“, рече Стармер во говорот за состојбата на британската економија, пренесува Скај њуз.

Претходно, „Индипендент“, повикувајќи се на анализата на библиотеката на Долниот дом на британскиот парламент, објави дека Брегзит го чини британскиот буџет до 113,5 милијарди долари годишно поради изгубени даночни приходи.

Студијата, исто така, откри дека, откако земјата ја напушти ЕУ, БДП по глава на жител се намалил за помеѓу 2.700 и 3.700 фунти.

Слични вести