Во четвртиот квартал од минатата година недвижностите поскапеле за 25 проценти на годишно ниво, а за 3,2 проценти на месечно, покажуваат денеска објавените податоци на Народната банка.
Во претходниот, третиот квартал од минатата година, цените на недвижностите забележаа раст на годишно ниво од 25,1 процент во третиот квартал, по растот од 19,5 проценти во првиот и од 19,9 проценти во вториот квартал.
Народната банка го објавува индексот на цени на недвижности врз основа на податоци кои се однесуваат на огласени станови за продажба на територијата на Скопје.
Податоците од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за третиот квартал од 2025 година, покажуваат дека најголема постигната цена на стан по метар квадратен е 189.231 денари, односно 280.000 евра за вкупна површина од 91 метар квадратен кој се наоѓа на територијата на општина Центар. За метар квадратен платени се 3.000 евра.