Станиците за технички преглед конечно треба да добијат таблички за регистрација на возилата

by jadranka 15:36
15:36

Од утре се очекува да се нормализира процесот на регистрација на моторните возила во државава. Откако во текот на речиси цел јануари процесот беше практично „закочен“, поради тоа што станиците за технички преглед има недостаток на нови регистерски таблички. Па, ниту едно моторно возило, купено како ново или половно во некој од салоните на овластените импортери или увезено од странство,  без оглед на поминатите критериуми за регистрирање, вклучувајќи и тестови за т.н. хомологација, односно  постапка со којашто се прави проверка на возилото и неговите битни елементи (мотор, сопирачки, безбедносни појаси и слично), кои на директен или индиректен начин влијаат на околината и безбедноста на патниците.

Ваквата ситуација до редакцијата на „Фокус“ ја алармираа повеќе граѓани кои со денови чекаат да го регистрираат возилото што го купиле, со намера со него да учествуваат во сообраќај. Нивното патешствие трае со денови, а дел од нив информираа дека слична ситуација се случувала и одреден период особено кон крајот на минатата година. Како и дека станиците за технички преглед и одговорните лица за доделување на на таблички добивале само по неколку комплети еднаш на неколку дена – многу помалку од реалните потреби на граѓаните. Токму затоа и настанувале застоите во регистрацијата.

„Фокус“ се интересираше за ова тема и пред неколку дена упати прашање до одговорните во МВР кои како министерство за надлежни за издавање на регистерски таблички – „Има ли проблем при набавката и дистрибуција на регистерски таблички за возила.. во последните 6-7 дена нема во Скопје,  претпоставувам дека е слично и во други градови (освен ако не им останало нешто од залиха)?“. 

Одговорот од МВР стигна дури денеска и гласи: „Во врска со Вашето барање, Ве информираме дека поради склучување на нова рамковна спогодба за набавка на регистарски таблици имаше мал застој од неколку дена во испораката на регистарски ознаки. Ве информираме дека рамковната спогодба е склучена и направени се нарачки за испорака на регистарските таблици“, без притоа да прецизираат поконкретно што значи таа рамковна спогодба. Според Прирачникот за рамковни спогодби, кои го користи Бирото за јавни најабавки како основен носител на јавните набавки на јавните институции  „рамковна спогодба е писмена спогодба меѓу еден или повеќе договорни органи и еден или повеќе економски оператори со која се утврдуваат основните услови што ќе ги регулираат договорите за јавни набавки што треба да се доделат во определен период, особено во поглед на цената и ако е можно, предвидените количини“.

Да потсетиме, јавната набавка за нови регистерски таблички заедно со налепници за постојните коои требаше да се залепат поради обврските што Македонија ги презеде според Преспанскиот договор потпишан со Грција (да стои ознаката NMK) вредна речиси 2,3 милиони евра кон крајот на 2023 ја доби групација од понудувачите Квантум ДООЕЛ и германската „ЕХА Хофман интернационал“.  Договорот меѓу МВР и компаниите треба да се спроведува во период од три години и важи до крајот на годинава, поточно до декември.

З.Ф.

Слични вести