Средношколец нападнал соученичка – подолго време психички ја малтретирал

by irena 19:17
19:17

Министерство за внатрешни работи информира дека во СВР Скопје бил пријавен случај на физички напад врз малолетничка во средно училиште на подрачјето на Карпош.

Според пријавата, О.С.(45) од Скопје на 18 мај околу 19:15 часот пријавил дека истиот ден околу 14:30 часот неговата 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзин соученик.

Како што навел пријавителот, ученичката подолг период била и психички малтретирана од истиот ученик.

Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични вести