Специјална проекција на еден од најнаградените филмови „Исцелител“ и сесија разговори со филмската екипа

by irena 11:34
11:34

Филмот „Исцелител“ е еден од најгледаните и најнаградените филмови во современата македонска кинеатографија. Во рамки на програмата „Филм во фокус“, во Сити мол на „Rooftop open air cinema“, се одржа проекција на филмот кој е во режија на Ѓорче Ставрески.

На настанот присуствуваше дел од филмската екипа, која по проекцијата на филмот заедно со режисерот одржаа интерактивна „Q&A“ сесија со публиката.

Исцелител е македонски филм од 2017 година, во режија на Ѓорче Ставрески, кој е истовремено и сценарист и продуцент на филмот, како и монтажер на звукот. Снимател е Дејан Димески, а монтажата е дело на Мартин Иванов. Режисерот Ставрески подготвува и нов долгометражен игран филм, а посетителите имаа премиерно можност да го видат тизерот.

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески беше и македонски кандидат за Оскар во категоријата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје за 2019 година.

Одлуката ја донесе комисијата при Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, актерките Ирена Ристиќ и Амернис Нокшиќи, композиторот Горан Трајкоски, уметникот и сценограф Игор Тошевски, режисерот Даријан Пејовски и кинематограферот Наум Доксевски.

М. Т.

Слични вести