Советниците на СДСМ бараат итна седница на Советот на Кисела Вода по несреќата на градилиштето

by irena 17:59
17:59

По трагедијата на градилиштето во Скопје, во која загина едно лице, а четворица се повредени, советничката група на СДСМ побара итна седница на Советот на Општина Кисела Вода.

Координаторката на советничката група Даниела Настова-Пиштолова рече дека „СДСМ бара Советот на Кисела Вода да се донесе одлука за формирање независна стручна комисија која ќе изврши проверка на сите издадени одобренија за градба на територијата на општината, итно да се воведе мораториум на сите градежни активности сè додека не се утврди дека истите се безбедни и во согласност со законите“.

„Бараме да се изврши проценка и доколку е потребно, евакуација на сите лица и објекти кои се наоѓаат во потенцијален ризик, да се преземат мерки за санација на последиците и да се обезбеди соодветна помош и поддршка за погодените. Ова не е прашање на политика, туку прашање на безбедност и човечки животи“, рече Настова-Пиштолова.

Слични вести