Сончево време со температура до 38 степени

by fokus

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе изнесува 7.

Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 степени, а дневните од 25 до 38 степени.

Во Скопје и околината сончево и топло со утринска температура до 16 степени, а дневна температура до 36 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на стабилно, сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, кој од недела ќе го промени правецот во југоисточен. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.

Поврзани новости