Сончево со умерена облачност, температурата до 33 степени

by irena 07:55
07:55

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 32 степени.

Како што соопшти УХМР, во наредните денови следува период на сончево и потопло време со мала до умерена облачност.

Дневната температура ќе биде во постепен пораст.

Слични вести