Сончево со температури до 35 степени

by mladen 08:09
08:09

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени, објави 4NEWS.mk

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура.

Слични вести