Сончево со мала облачност

by irena 07:32
07:32

Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Новогодишната ноќ ќе ни донесе многу ладно и суво време со слаб до умерен ветер од северен правец и ведро време без облачност и без врнежи од снег. Тоа значи дека ќе имаме сув студ за време на новогодишната ноќ.

Територијата на Македонија ќе биде под влијание на многу ладна и сува воздушна маса од север која ќе услови да имаме многу ладно и суво време со многу ниски температури на воздухот.

Слични вести