Сончево и топло со температура до 37 степени, за викендот нестабилно со локален пороен дожд

by irena 08:03
08:03

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен, наместа засилен јужен, а во недела северозападен ветер, кој ќе услови опаѓање на дневната температура.

Потоа следува период на стабилно и потопло време.

Слични вести