Сончево и многу топло со температура до 40 степени

by irena 07:59
07:59

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.

Во недела и следните неколку денови во попладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер.

Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

Температурата ќе биде во постепено опаѓање.

Слични вести