Со возилото излета од патот и удри во бетонски ѕид

by irena 09:54
09:54

Во селото Долно Свиларе, скопско, се случи сообраќајна несреќа, откако возило „фолксваген туран“ со скопска регистрација излета од патот и удрило во бетонски столб.

Во сообраќајката со повреди заврши возачот, но и помладите сопатници.

„На 19.04.2026 во 08:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с. Долно Свиларе, скопско, патничко возило ‘фолксваген туран’ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(20) излетало од патот и удрило во бетонски столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник, сите од с. Долно Свиларе, констатирани во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“ – соопштуваат од МВР.

Слични вести