115
Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека е ангажиран и еден „ер трактор“ кој е упатен кон Штип за да помогне во гаснењето на пожарот во градското подрачје, каде што гори ниска вегетација во близина на населени зони.
Пожарот кај Штип првично бил забележан над регионалниот пат Штип–Пробиштип.
Според првичните информации, густ чад се надвиснал над регионалниот пат и значително ја намалил видливоста, што предизвика проблеми во сообраќајот.
„Пожарот во Пробиштипско е започнат меѓу селата Бучиште, Неокази и Петршино, во Бучиште пожарот е локализиран (една куќа изгорена), но еден дел од пожарот се префрла накај селото Ратавица“, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.