Со предавници на социјалдемократската идеја и подизведувачи на ВМРО-ДПМНЕ не дебатирам – вели Филипче по повикот на Димитриевски за дуел

by irena 22:09
22:09

Со предавници на социјалдемократската идеја и подизведувачи на ВМРО-ДПМНЕ не дебатирам – порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче, од вечерашниот митинг во Прилеп откако неговиот поранешен сопартиец, лидерот на Движењето За наша Македонија (ЗНАМ), Максим Димитриевски, го повика на ТВ-дуел.

Слушам, Максим Димитриевски – пионот на Мицкоски – барал дуел со мене. Јас со предавници на социјалдемократската идеја и подизведувачи на ВМРО-ДПМНЕ не дебатирам. Дали Максим се плаши дека е пуштен низ вода откако еднократно го искористија? Или стравот е дека е разоткриен од граѓаните дека ги излажа на претходните избори?

И треба да му биде страв зашто секој кој решил да ги предаде идеалите за функција не опстанал. Сфати Максим дека луѓето полека се враќаат во СДСМ и бегаат од него, па лаже дека некој им прави притисок. Сфатија дека човекот кој ветуваше правда и вистинска социјалдемократска политика – лажел“, изјави Филипче.

 

Слични вести