Со „корса“ излета од патот кај Пробиштип – 43 годишна жена заврши во болница

by irena 13:44
13:44

МВР информира дека вчера попладне во 16:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат с. Крупиште – Пробиштип кон клучка со експресниот пат Штип – Кочани патничко возило „опел корса“ со струмички регистарски ознаки управувано од 43-годишната К.П. од с. Ангелци, општина Василево изгубило контрола и излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.П., констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Слични вести