Случајно се сретнал и седнал со Црвенковски во ресторан, вели Пецаков

by irena 17:28
17:28

Охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков изјави дека средбата со Бранко Црвенковски не била однапред планирана.

„Се работи за случајна средба во полн угостителски објект. Ништо друго“, изјавил Пецаков за „Вечер“ на прашањето за карактерот на средбата.

Вчера беше објавена фотографија на која поранешниот македонски претседател, премиер и лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Бранко Црвенковски, седи на иста маса со актуелниот градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични вести