Гувернерот Трајко Славески, во излагањето на Надзорната расправа за Алта банка рече дека „за сите лица беа направени сите неопходни проверки преку меѓународни глобални платформи преку кои може да се добијат информации за нивна невообичаена вклученост“ и дека „добиените официјални информации и документи на ниту еден начин не упатуваа на пречки во давањето на согласност“.
– Финансиската позиција на потенцијалниот акционер беа предмет на длабинска и сеопфатна проверка која вклучува и проверка на средставата за купување на акциите, кои нагласувам, потекнуваат директно од редовното работењето на белградската Алта банка – рече Славески.
Тој уште еднаш повтори дека Стопанска банка Битола била во лоша состојба и дека единственото решение било некој да ги купи акциите. Прво се јавила една голема домашна банка, а откако не се договориле за цената на акциите, се јавила „Алта банка“ од Србија.
– Во процесот на лиценцирање беа запазени сите чекори и постапки што ги налага законската регулатива. Врз основа на формално добиената документација која се бара согласно нашата законска и подзаконска регулатива, се утврди идентитетот на барателот, сопственичката структура и крајниот сопственик. Во рамки на овој процес, како и секогаш беше остварена директна комуникација со сите надлежни домашни и странски државни органи и институции, вклучително судови, регистри, управи, министерства, Управата за финансиско разузнавање – рече Славески.
Тој посочи и дека се обратиле до Централната банка на Србија.
– Регулаторот не изрази загриженост, ниту докажа дека располага со сознанија дека банката и органите на управување не ги почитуваат законските прописи, дека не поседуваат репутација, ниту дека има загриженост околу подобноста и способноста на акционерот за уредно работење и поддршка на домашната банка-рече Славески.
Тој исто така објасни дека и Централната банка на Србија и дала согласност на белградската Алта банка да ја купи Стопанската банка АД Битола.
– Финансиската позиција на потенцијалниот акционер беше предмет на длабинска и сеопфатна проверка која вклучува и проверка на сресдствата за купување на акциите, кои нагласувам, потекнуваат директно од редовното работењето на белградската Алта банка – рече Славески.