Славески од Вашингтон: ММФ очекува раст за македонската економија од 3,4 проценти годинава

by irena 22:12
22:12

Прудентната монетарна политика што ја спроведува Народната банка придонесува за ефективно управување со ризиците и постепено намалување на инфлацијата, при што создава услови за стабилен економски раст.

Тоа се потврдува и со најновите проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за македонската економија, со очекуван раст годинава од 3,4 проценти, а за следните години одржување на нивото околу 3 проценти.

Истовремено, инфлацијата се очекува во континуитет да продолжи да забавува и да се сведе на историското ниво од околу 2 проценти на среден рок.

Како што соопшти денеска прес-службата на Народната банка, тоа било посочено од претставниците на ММФ на средбите со гувернерот на Народната банка,Трајко Славески, во рамки на годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, што се одржуваат во Вашингтон, а на кои присуствувала и министерската за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Слични вести