Скопје се гуши во чад, пожари на повеќе страни го загадија воздухот во главниот град

by irena 14:14
14:14

Скопје денеска има влошување на квалитетот на воздухот.

Мирис на чад се чувствува речиси во целиот град.

Според податоците на платформа за следење на загаденоста „IQAir“, воздухот во Скопје е класифициран во категоријата „Нездрав“, со Индекс на квалитет на воздух (AQI) од 155.

Воздухот во Скопје е оптоварен од чадот кој пристигнува од активните пожари во близина.

Високата температура, ниската влажност на воздухот и слабиот ветер придонесува за задржување на чадот и штетните материи во атмосферскиот слој над градот, велат познавачите.

Здравствените власти апелираат до граѓаните од чувствителните категории (деца, постари лица и хронично болни) да ги намалат активностите на отворено.

Слични вести