77
Жена била нападната со спреј на паркинг во скопската општина Центар, по претходна расправија со друго женско лице.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 19 јули во 23:30 часот во СВР Скопје, 38-годишната Р.Џ. од Скопје пријавила дека околу 22:15 часот, на паркинг на подрачјето на Центар, по претходна расправија, женско лице со иницијали С.Н. ја испрскало со спреј во пределот на очите.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.