Скопјанка остана без 6.700 евра и без маж – преку социјална мрежа и ветил средба и брак

by irena 19:50
19:50

На 16.07.2025 во 09.00 часот во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека во мај 2025 година преку социјална мрежа комуницирала со машко лице и се договориле да склучат брак.

„Според пријавеното, лицето и побарало пари за да можат да се сретнат во Охрид, по што таа во три наврати преку брз трансфер на пари му пуштила вкупно 6.700 евра, а подигнала и 3.000 евра кредит од банка. Како што е пријавено, откако не се сретнале, таа сфатила дека била измамена, се наведува во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични вести