Скопјанец возел со 3,95 промили алкохол во крвта

by irena 15:22
15:22

Дванаесет лица се лишени од слобода за безобѕирно управување возило. Од нив, 11 возеле без возачка дозвола, а скопјанец возел со 3,95 промили алкохол во крвта, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, од кои 11 затоа што управувале возила без возачка дозвола – тројца во Скопје, по двајца возачи во Битола, Кочани и кумановско, а по еден во Прилеп и велешко, а еден возач во Скопје управувал возило под дејство на алкохол – односно му биле измерени 3,95 промили алкохол во крвта, пишува во соопштението на МВР.

По целосно документирање на случаите, како што се додава во соопштението, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Слични вести