48
Полицијата ноќеска на локалниот пат Илинден-Марино го лишила од слобода 41-годишниот Д.В. од Скопје, кој управувал автомобил под дејство на алкохол и без возачка дозвола.
При контролата било утврдено дека возачот на „Опел“ имал 2,13 промили алкохол во крвта. Возилото е одземено, а за случајот е известен јавен обвинител.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик.